Македонија
18. October 2017 - 14:11

Шапуриќ и Серра: Унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Шпанија

Интерес за испитување на можностите за поголемо поврзување на македонските и шпанските компании во областа на производство на земјоделски производи и прехрамбена индустрија, градежништво, туризам и хотелиерство, и менаџирање со отпад и третман на отпадни води денеска бил искажан на средбата помеѓу министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании, Зоран Шапуриќ со амбасадорот на кралството Шпанија, Емилио Лорензо Серра и директорката на регионалната канцеларија за економски прашања на Шпанија, Ева Поведано Морено.

Како што соопштија од кабинетот на Шапуриќ, министерот ги запознал амбасадорот Лорензо и доректорката Морено, со активностите на Владата за приближување на Македонија кон Европската Унија и НАТО, на што амбасадорот Емилио Лорензо изразил задоволство од враќањето на Македонија на патот кон евроатланските интеграции, и упатил честитки кон граѓаните и Владата на Република Македонија за успешно одржаните фер и демократски локални избори, според високите стандарди на ЕУ.   

Директорката Морено го информирала министерот Шапуриќ за иницијативата за организирање на економски панели во Шпанија на кои би се презентирале можностите за соработка помеѓу македонските и шпанските компании.