Кошарка
21. November 2015 - 10:55

Шампионот Голден Стејт ја забележа и 14-тата победа

 
 Шампионот во НБА кошаркарската лига Голден Стејт ја забележа и 14-тата победа во низа од стартот на првенството, по што и натаму „Воините’’ остануваат единствениот непоразен тим во лигата.
 
Стефан Кари со 27 поени беше најдобриот стрелец на победничката екипа, за која Харисон Барнс придодаде 20, а во редовите на Чикаго воедно и на натпревари најефикасен беше Џими Батлер со 28 поени.
 
Изненадување преставува победата на Њујорк тим кој како гостин го совлада составот на Оклахома со 93:90.
 
На останатите натпревари одиграни синоќа во НБА лигата беа постигнати овие резултати: 
 
Шарлот - Филаделфија 113:88
Бостон - Бруклин 120:95
Мемфис - Хјустон 96:84
Минесота - Детроит 86:96
Њу Орлеанс - Сан Антонио 104:90
Далас - Јута 102:93
Денвер - Феникс 107:114
Портланд - ЛА Клиперс 102:91
ЛА Лејкерс - Тороното 91:102.