Фудбал
29. April 2017 - 11:10

Шалке убедливо го порази Баер Леверкузен

 
 
 Во воведниот натпревар од 31.коло на фудбалскиот шампионат на Германија, екипата на Шалке забележа убедлива победа против Баер Леверкузен со 4-1. 
 
На средбата одиграна во Леверкузен два од четирите гола за гостите постигна Гвидо Бургсталер (6 и 50 минута), а во листата на стрелци се впишаа и Бенедикт Ховедес (10) и Александро Шопф (18). Почесниот гол за домашниот тим го постигна Стефан Кислинг (69). 
 
Денеска ќе се играат шест натпревари: 
Лајпциг – Инголштат, 
Борусија Дортмунд – Келн, 
Дармштат – Фрајбург, 
Мајнц - Борусија Менхенгладбах, 
Вердер – Херта и 
Волфсбург - Баерн Минхен. 
 
Последните два натпревари од ова коло на програмата се утре, а во нив ќе играат: Аугсбург – Хамбургер и Хофенхајм – Ајнтрахт. 
 
Табела: Баерн Минхен 70 бодови, Лајпциг 62, Борусија Дортмунд 56, Хофенхајм 55, Херта 46, Фрајбург 44, Вердер 44,...