Loading Video...
Фудбал
22. February 2018 - 14:15

Шахтјор со пресврт ја победи Рома, без голови на средбата Севиља и Манчестер Ј.

 
 
 
Со двата натпревари одиграни вчеравечер во Севиља и Харкoв комплетирана е првата рунда од осминафиналето во Лигата на шампионите. 
 
Дуелот во Шпанија меѓу Севиља и Манчестер Јунајтед заврши без голови, додека на средбата во Украина, домашниот Шахтјор со пресврт во вториот дел ја победи Рома со 2-1. 
 
Гостите имаа предност од 41.минута со погодокот на Џенгиз Ундер , додека во второто полувреме головите на украинскиот тим ги постигнаа Аргентинецот, Ферерира во 52-та и Бразилецот, Фред во 71-та минута.
 
Реванш натпреварите ќе се играат на 13 март, во Манчестер и Рим.