Македонија
5. December 2016 - 8:49

Шафкат Мирзијојев прогласи победа на претседателските избори во Узбекистан

Штабот на кандидатот на Движењето на претприемачите и деловни луѓе - Либерално-демократска партија на Узбекистан, Шавкат Мирзијојев прогаси победа на претседателските избори, јави ТАСС.

Според податоците на Централната изборна комисија одѕивот на гласачите изнесувал речиси 88 отсто. Официјалните првични резултати се очекуваат подоцна во текот на денот.

Изборите беа закажани по смртта на претседателот Ислам Каримов, во септември.

Соперниците на Мирзијојев, кој и в.д. претседател се лидерот на Народно-демократската партија на Узбекистан Хотамжон Кетомонов, кандидатот на Демократската партија на Узбекистан „Мииј тикланиш“ Сарвар Отамуратов и претседателот на Социјалдемократската партија  „Адолат“ Наримон Умаров.