Македонија
24. February 2017 - 8:45

Сезонава 2.971 заболен од грип во Кавадарци и Росоман

Оваа сезона на грип во Центарот за јавно здравје, подрачна единица Кавадарци регистрирани се 2.971 лице со сезонски грип, пријавени кај матичните лекари во Кавадарци и Росоман.

Специјалистот епидемиолог доктор Ристе Јовановски денеска информира дека од грипот најмногу биле зафатени лицата на возраст од 15 до 64 години. 

- Се ближиме кон крајот на сезоната на грип. Во последната седмица од декември имавме 1.024 заболени со ова вирусно заболување, а сега во изминативе две седмици, само по 17 грипозни. Годинашнава вкупна бројка е поголема од минатогодишната, која изнесуваше 1.167 евидентирани лица со грип, рече Јовановски. 

Тој нагласи дека можно е и понатаму да се пријавуваат случаи на сезонски грип, но, како што рече, тоа ќе биде со помал интензитет.