Бизнис
11. September 2017 - 19:43

Северозападна комора: Првите сто дена не ги дадоа очекуваните резултати

Стартот на новата влада не ги даде очекуваните резултати кај бизнисмените. Економијата е се побилску до рецесија велат од комората на северозападна Макеоднија. Тоа го покажуваат и бројките. Во вториот квартал од годинава БДП бележи негативен раст. Странските инвестриции се преполовени. Дел од досегашните мерки кои ги спроведе новата Влада  ги оценија како позитивни, а за дел сметаат дека нема да помогнат за развој на економијата. Бараат државата да донесе конкретна стратегија и мерки   кои ќе генерираат повисоки стапки на раст, зголемена конкуретност на домашните фирми, извоз и ќе отворат  нови работни места.

- Потребни се конкретни мерки за развој на домапнотот производтсво , за зголемен извоз  а со тоа ќе се отворат и нови работни места и дирекно ќе се влијае на стапката на невработеност. Потребна е стратегија на долг рок која ќе помогне за повисок економски раст и тоа од 5 проценти годишно повисоки минимална и рпосечна плата кај работниците, рече  Неби Хоџа- претседател на комора на северозападна Македонија

Проблемите за кои од оваа комора неколку пати алармираат сеуште не се решени. Посебен акцент проблемите со кои се соочуваат фирмите од индустриската зона Визбегово и обештетувањето  на компаниите од Сингелиќ. Бараат повеќе средства да се издвојат за развој на претприемиштво, а на компаниите да им се овозможи и полесен пристап до финансии.

Проценките на комората се дека Македонија годинава ќе ја заокружи со раст на економијата не поголем  од еден процент.