Севернокорејски хакери украле јужнокорејско-американски планови за уништување на раководството на Северна Кореја
Севернокорејски хакери украле големо количество доверливи воени документи вклучително јужнокорејско-американски планови за уништување на раководството на Северна Кореја, изјави јужнокорејски пратеник.
Според Ри Чeол-хи, пратеник на владејачката Демократска партија, кој цитира информации од јужнокорејската армија, изјави за локални медиуми дека 235 ГБ воени документи биле украдени од центар за податоци за одбраната во септември минатата година.
Тој тврди дека документите што се украдени нема да и наштетат на јужнокорејската армија.
Во дел од нив се анализира како да се следи движење на севернокорејското раководство како да бидат изолирани нивните скривалишта и да бидат нападнати од воздх пред да бидат уништени.
Истражен тим во МО соошти во мај дека хакерски напади биле извршени од Северна Кореја, но не открија какви информации се украдени.
Северна Кореја негира дека е одговорна за кибер нападот и ја обвинува Јужна Кореја дека измислила тврдења за компјутерски напади.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење