Свет
3. February 2018 - 9:21

Северна Кореја со жестока закана: Ако го направите тоа што сте го наумиле, нема да седиме со скрстени раце

Северна Кореја предупреди дека нема да „седи со скрстени раце“ доколку САД ја реализираат одложената воена вежба со Јужна Кореја по зимската Олимпијада.

Тоа предупредување во писмо до Обединетите нации го пренесе севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг Хо.

Северна Кореја нема изведено ракетна проба од крајот на ноември минатата година, а во јануари започна дијалог со јужниот сосед, што се први разговори од таков вид за две години.

Шефот на севернокорејската дипломатија Јонг Хо во писмото, што го објави државната новинската агенција, наведува дека Пјонгјанг ќе ги вложи сите напори во иднина да ги подобри односите на двете кореи, но дека никогаш нема „да седи со скрстени раце“ ако некој се обиде тие напори да ги осуети.         

САД и Јужна Кореја се согласија да ја одложат редовната заедничка воена вежба до завршувањето на Зимската олимпијада во Пјонгјанг, која почнува наредната недела и ќе трае до 18 март.