Свет
4. July 2017 - 16:39

Северна Кореја продолжува да провоцира

Северна Кореја се пофали дека успешно ја лансирала  својата новоразвиената интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг 14... Ракетата  достигнала виисна од 2800 км  и  прецизно ја погодила метата во Јапонското море  по лет од 40 минути.

Пјонгјанг вели дека а може да го погоди било кој дел од  светот. Но Вашионгтон и Москва порчаа дека севернокорејците тестирала ракета до среден дострел.

Новата провокација од Северот уследи  на денот кога во САД се одбележува националниот празник Денот на независнсота и неколку дена пред  самитот  на Групата 20, на кој се очекува лидерите на САД, Кина, Јапонија и Јужна Кореја да разговараат како  да ја одвратат Северна Кореја од нуклеарните и ракетните тестови.