Свет
3. September 2017 - 16:33

Северна Кореја потврди дека извршила тест со хидрогенска бомба

Властите во Северна Кореја потврдија дека денеска била извршен тест со хидрогенска бомба, што е помоќна од атомската и може да се користи како боева глава за интерконтинентална балистичка ракета.

Во соопштение објавено преку државата телевизија, властите од Пјонгјанг укажуваат дека лидерот Ким Џонг-ун нагласил дека „тестот бил совршено успешен“.

Сеизмолозите укажуваат дека бил регистриран земјотрес со интензитет од 6,3 сетепени по Рихтеровата скала и десет минути подоцна на истата локација и нов - со интензитет од 4,6.Сеул во реакција, побара „најстрог можен одговор“ вклучително и нови санкции од Советот за безбедност на ОН за да се изолира целосно таа држава.

Сеул и Вашингтон  разговарале за разместување американски стратешки воени капацитети на Корејскиот полуостров.

Кинеското МНР  остро се противи и силно ги осудува акции на Пјонгјанг, и  ги повика властите во Северна Кореја да ги почитуваат санкциите на СБ на ОН.