Свет
3. September 2017 - 9:07

Северна Кореја најави „важно соопштение“

Севернокорејските власти најавија за денеска „важно соопштение“. Најавата за соопштението е само неколку часа по земјотресот регистриран во таа држава за кои се сомневаат западни држави дека е предизвикан од нуклеарен тест.

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена по Рихтеровата скала е регистриран во Северна Кореја и тоа сугерира дека армијата извршила нуклеарна проба. Американскиот геолошки институт соопшти дека потресот е регистриран на 55 км северозападно од Кимчаек. Неодамнешнен потрес во тој регион беше предизвикан од нуклеарни тестови.

Министерот за надворешнир аботи на Јапонија, Таро Коно изјави дека Владата на Јапонија е сигурна дека Северна Кореја извршила нуклеарен тест.

– Владата потврдува дека Северна Кореја спровела шести нуклеарен тест. Тоа го тврдиме по анализа на информации од метеоролошка агенција и други извори, изјави Коно.

Премиерот на Јапонија Шинѕо Абе изјави дека уште еден нуклеарен тест на Северна Кореја би бил неприфатлив и оти ќе мора силно да протестираат.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека потресот во Северна Кореја бил најмалку 10 пати посилен од претходните тестови.

Би-Би-Си јави дека сеизмолозите регистрирале земјотрес на подрачје каде Сееврна Кореја претходно спроведувала нуклеарни тестови. Потресот се случи само неколку часа откако се објавени фотографии на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со , како што тврдат тамошни медиуми, хидрогенска бомба.

Јужнокорејската армија соопшти дека верува оти Северна Кореја извршила шести нуклеарен тест.

И кинеските власти соопштија за региостриран земјотрес во Северна Кореја од 4,6 степени по Рихтер по првичниот од 6,3 степени. Во соопштение се наведува дека вториот потрес бил регистриран на површина на земјата само осум минути по првиот кој како што се наведува е „сомнителна експлозија“. Координатите на двата земјотреса се речиси идентични, наведуваат кинеските власти.

Севернокорејските власти соопштија денеска дека рзвиле уште понапредно нуклеарно оружје со „голема моќ за деструкција“, хидрогенска бомба што може да се стави на нова интерконтинентална балистичка ракета.

Според севернокорејски медиуми, лидерот на државата Ким Џонг-ун „лично извршил увид за таа хидрогенска бомба“. Моќноста на хидрогенската бомба може да биде стотици килотони и може да се детонира на висока надморска висина. Направена е од сопствени капацитети и тоа овозможува државата да изработи колку што сака нуклеарно оружје, јави КЦНА.