Свет
20. April 2017 - 14:06

Северна Кореја им се закани на САД со „супермоќен превентивен напад“

Севернокорејските државни медиуми ги предупредија денеска САД дека Северна Кореја би можела да изврши „супермоќен превентивен напад“, откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека Вашингтон разгледува начини да извршат притисок врз Пјонгјанг поради неговата нуклеарна програма.

Американскиот претседател Доналд Трамп зазеде остар став кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој ги отфрли советите на својот единствен сојузник Кина и продолжи со нуклеарната и ракетната програма и покрај санкциите на Советот за безбедност на Обединетите нации. 

- Во случај нашиот супермоќен превентивен напад да почне, целосно и веднаш ќе ги збрише не само империјалистичките освојувачки сили на САД во Јужна Кореја и околните подрачја, туку и копното на САД и ќе ги претвори во пепел, објави гласилото на владејачката Работничка партија на Северна Кореја, „Родонг Синмун“.