Северна Кореја: Ако ги зајакнете санкциите, ќе се одмаздиме
Северна Кореја предупреди дека ќе се одмазди доколку меѓународната заедница ги интензивира санкциите поради неодамнешното тестирање на оружје.
- Невнимателните акции доведуваат до тензии на Корејскиот Полуостров и го носат до ивица на војна, соопшти портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.
Тој додаде дека идејата на САД со санкции да го спречат Пјонгјанг од „нуклеарно заплашување е најлуд сон“.
- Нам не ни останува ништо друго освен да преземеме неопходна противакција. Светот набрзо ќе биде сведок на чекорите што ќе ги преземе Северна Кореја за да ги осуети санкциите, посочи портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.
Предупредувањето уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека неговата држава е подготвена сама да го смири Пјонгјанд доколку Кине не сака да помогне.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење