Џет-Сет
28. јуни 2017 - 14:45

Северина на протест: Цел Сплит на нозе поради одземањето на дете од мајка

Северина Којиќ моментално се бори за старателство над синот Александар. Та вчера излезе на улиците во Сплит за со своето тело да ги спречи судските извршители да и одземат дете на една мајка од Сплит и да го предадат на таткото кој живее во Италија.

Бројни познати личности ја поддржаа оваа мајка.

-Го направи она што најдобро го знае, што би го направила секоја мајка за да го заштити своето дете. Се надевам дека ќе и дадат можност, таа не можела да оди во Италија, немала пари за на суд, рече Северина.