Џет-Сет
18. October 2016 - 11:00

Северина итно ги откажа концертите

Хрватската пејачка Северина има проблеми со гласните жици, поради што мора да го чува гласот. Истиот проблем го имаше и пред девет години, кога беше оперирана.
 
Сплитската пејачка ги откажа концертите поради здравствената состојба. Пејачката има таканаречено задебелување на гласните жици.
 
Кога пред девет години беше оперирана, заздравувањето траело три недели од кои првите две не смеела да зборува воопшто.