Сеул го прифати предлогот на Пјонгјанг за „работни преговори“
Јужнокорејската Влада денеска го прифати предлогот на Северна Кореја за одржување „преговори на работно ниво“ на 15 јануари, за испраќање на севернокорејска група од музичари, танчери и други уметници на Зимската олимпијада, што ќе се одржи следниот месец во Јужна Кореја.
Претходно, како што јави МИА, јужнокорејското Министерството за обединување соопшти дека утрово од Северна Кореја добиле предлог за преговори за ова прашање, што би се одржале во севернокорејскиот дел од пограничното место Панмунџом, во павиљонот „Тонгил“, што на корејски јазик значи „обединување“.
Предлогот на Пјонгјанг уследи откако претходно властите во Сеул предложија на 15 јануари да се одржат разговори за учество на севернокорејска делегација на Зимските олипмписки игрии во Пјеонгчанг.
Првиот круг од дијалогот за нормализација на односите меѓу двете Кореи се одржа на 9 јануари во местото Панмунџом во демилитаризираната погранична зона, На разговорите беше договорено Северна Кореја на Олмпијадата да испрати своја делегација составена од владини претставници, уметници и демонстратори по таеквондо.
Прашањето за учествоот на севернокорејски спортисти на Олимпијадата, што ќе се одржи од 9 до 25 февруари, се уште не е решено.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та