Фудбал
17. January 2017 - 9:39

Серија А: Водеа со 2-0, промашија пенал и не го победија Милан

Фудбалерите на Торино одиграа нерешено 2:2 синоќа на натпреварот со Милан, иако по само 26 минути водеа со 2:0, а во 32.минута имаа и пенал за три голови предност, но Адем Љајиќ не го реализира ударот од 11 метри. Во вториот дел Милан во периодот од 55 – 60.минута ја анулира предноста на домаќинот.
 
Со освоениот бод Милан сега има 37 и е на 5.место, додека Торино со 30 бода е на 9.позиција.
 
Резултати на другите натпревари од 20.коло од Серија А:
 
Кротоне – Болоња 0:1,
Интер – Киево 3:1,
Каљари – Џенова 4:1,
Лацио – Аталанта 2:1,
Сампдорија – Емполи 0:0,
Сасуоло – Палермо 4:1,
Наполи – Пескара 3:1,
Удинезе – Рома 0:1 и
Фиорентина – Јувентус 2:1.
 
Табела: Јувентус 45 бода, Рома 44, Наполи 41, Лацио 40/МИА