Фудбал
2. May 2016 - 9:45

Серија А: Лацио го победи Интер, Рома во ЛШ

Фудбалерите на Лацио синоќа постигнаа победа од 2:0 над Интер на дуелот од 36.коло од Серија А. Со овој пораз Интер ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите, а градскиот ривал на Лацио Рома е сигурен во ЛШ. Стрелци на головите беа: Миролсав Клосе (8.минута) и Андонио Кандрева (84-пенал).
 
На другите натпревари од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Јувентус – Карпи 2:0, Милан – Фросиноне 3:3, Емполи – Болоња 0:0, Палермо – Сампдорија 2:0, Сасуоло – Верона 1:0, Киево – Фиорентина 0:0 и Удинезе – Џенова 1:5.
 
Вечерва се играат два натпревара: Џенова – Рома и Наполи – Аталанта.
Табела: Јувентус 88 бодови (шампион), Наполи 73, Рома 71, Интер 64, Фиорентина 60, Сасуоло 55, Милан 54,...