Фудбал
15. May 2016 - 10:14

Серија А: Игуаин го сруши рекордот на Нордал!

Екипата на Наполи успеа да го задржи второто место во Италијанското калчо откако убедливо со 4-0 го совлада Фросиноне. Јунак на вечерта беше Гонзало Игуаин кој постигна нов хет-трик.

Аргентинецот напиша историја со  36 голови сезонава и го сруши рекордот на Швеѓанецот Нордал од 1950 година по бројот на голови во една сезона во Серија А.
 
Јувентус е шампион со 91 бод, Наполи оди директно во Лига на Шампиони (82 бода), а во квалификации ќе игра третопласираната Рома (80 бода).
 
Четврти заврши Интер со 67 бода и ќе игра во Лига на Европа, а во квалификации за ЛЕ ќе игра петтата Фиорентина.
 
Остана уште едно место за квалификации во ЛЕ, а ќе го добие шестопласираниот Сасуоло со 61 бод, но само под услов ако седмопласираниот Милан не победи против Јувентус во финалето на Купот на Италија.