Фудбал
20. September 2017 - 9:04

Серија Б: Несторовски „ја реши“ Перуџа

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го реши дербито на Серија Б во кое неговата екипа Палермо ја совлада Перуџа со 1:0, за која ова беше прв пораз.
Капитенот на Палермо Несторовски во 80 минута изнуди пенал, а потоа го реалзираше за триумф на неговиот тим. Вториот македонски репрезентативец во дресот на Палермо Александар Трајковски остана на клупата на овој дуел.
Палермо е без пораз со две победи и три нерешени резултати. 
На чело на табелата е Фросиноне со 13 бодови, пред Емполи со 11, Перуџа има 10, Карпи 10, Палермо 9,...