Фудбал
26. September 2017 - 11:48

Серија Б: Два гола на Нестрорвски за триумф на Палермо

Два гола и два жолти картона за Несторовски во дуелот на Палермо од  6.коло во Серија Б. Македонскиот репрезентативец мрежата на Про Верчели ја затресе во 25.минута кога изедначи по водството на противникот во 20.минута, додека голот за победа го постигна во 51.минута. Потоа во 72.минута го доби првиот жолт картон, а во 85.минута и вториот престрого по што беше исклучен. 65.минути одигра и Александар Трајковски во победата на Палермо од 2-1. Сега екипата на македонските репрезентативци се наоѓа на третото место на табелата без пораз, со еден бод помалку од Перуџа и Фросиноне.