Џет-Сет
25. March 2016 - 17:15

Сергеј Трифуновиќ откри тајна на Драган Николиќ: Гаго, извини, морав да кажам..

Актерот Сергеј Трифуновиќ зборуваше за загубата на актерот Драган Николиќ, кој бил еден од најголемите  донатори на неговата хуманитарна фондација.
 
Тој често му помагал на Сергеј но и донирал пари за болните деца иако тоа никој не го знаел.
 
- Го мразам зборот погреб особено за некој толку жив како Драган. Тој е личност која нема никогаш да умре. Тоа беше само испраќање на Драган од земјата, кажал Сергеј во емисијата Ексклузив.
 
- Гаго е човек кој знаеше да ми се јави и да ми каже дека сака целиот хонорар кој го заработил од филм да го даде на некој што навистина му треба, да го донира. Јас ќе му кажам на кого му е неопходно во тој момент и тој ќе го донира без никој да знае. Најмногу ме молеше да не кажувам никому, затоа Гаго извини, морав да кажам, завршил Сергеј.