Свет
12. November 2015 - 12:34

Сергеј Шојгу во Русија – мајсторот за вонредни ситуации

Економист - Лондон

Користејќи ја довербата во него, министерот за одбрана е единствениот човек кој учествувал во сите влади од распаѓањето на Советскиот сојуз. Тој може да биде следниот претседател

На роденденот на Владимир Путин во октомври, неговиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, му донесе подарок: скапоцена папка со информации за воената кампања на Русија во Сирија. Во неа беше вклучена и информацијата дека крстосувачки ракети, истрелани од Каспиското Море, погодиле цели на оддалеченост од 1,500 километри. „Знаеме колку се комплицирани таквите операции“, му возварти позитивно Путин. Истата вечер, двајцата славеа и играа хокеј на лед со нивниот аматерски клуб. Путин на мечот постигна седум голови, а Шојгу еден. Нивниот тим лесно победи.

Откако Шојгу застана на чело на министерството за одбрана на крајот на 2012 година, неговото партнерство со Путин процвета, и тоа не само на ледот. Руските вооружени сили се истакнаа како главниот инструмент во надворешната политика на Путин. Русија применува сила со новооткриена ефикасност на Крм и во Источна Украина, на периферијата на воздушниот простор на НАТО, а сега и во Сирија. Под раководство на Шојгу, руските вооружени сили „покажуваат способности, организација и логистички вештини кои претходно не сме ги виделе“, вели Ивлин Фаркас, кој до неодамна беше на највисока позиција во Пентагон за руски прашања.

Но Шојгу е повеќе од само министер за одбрана на Русија. Тој има 60 години – три години е помлад од Путин – и е најдолго ангажираниот член на руската влада; тој учествувал во сите влади уште од 1990 година, пред распаѓањето на Советскиот сојуз, кога Путин се уште беше непознат службеник во општината на Санкт Петербург. Тој си создаде име во министерството за вонредни ситуации (МЧС) – воена спасувачка служба со широк опфат, која тој самиот ја изгради и ракводеше скоро 22 години. Тој гради власт и популарност, затоа што умешно маневрира со византиската бирократија на Русија, без да си создава некакви видливи непријатели. „Нема друг како него во управувачката класа“, вели аналитичарот Евгениј Минченко, кој ја следи руската елита. „Тој е сосема уникатен случај“.

Русија е земја на вонредни ситуации – од суши и планински пожари, до потонувања на подморници, активирани бомби во станбени блокови и заложнички драми во училишта. Најновиот прилог кон сето тоа е катастрофата со чартер авионот над Синајскиот полуостров, веројатно како резултат на тероризам. Затоа и не треба да изненадува што министерот за вонредни стуации се претвори во една од најпрепознатливите фигури во руската политика. Иако не е дел од најблиското опкружување на Путин составено од поранешни службеници на КГБ во Санкт Петербург, Шојгу е внатрешен човек во кој се има доверба. Минченко, кој издава големотиражен годишен извештај наречен „Политбиро 2.0“, го става Шојгу на второ место по влијание помеѓу најблиските околу Путин – пред него е единствено началникот на претседателската канцеларија Сергеј Иванов. Кога се донесуваат големи одлуки како оние за операциите во Украина или Сирија, учеството на Шојгу е задолжително. Почитта кон него заради верност, компетентност и популарност, исто така го прават еден од малкумината можни наследници на Путин.

Шојгу израснал во Јужен Сибир – во малку познатата република Тува. Сакал спорт, маалски ривалства и ризични натпревари – како скокање од ледените брегови во бујната река Енисеј. Заради таквите лудории му до дале прекарот шејтан (ѓавол). По заврушување на инженерство во Краснојарск и неколу успешни градежни проекти, бил повикан во Москва од раководството на Комунистичата партија во 1990 година. Откако добил висока позиција во архитектонската комисија, Шојгу собрал нов корпус спасувачи работници и го претворил во високоефикасна организација, која на крајот прераснала вп МЧС. Тој исто така покажал непоколеблива верност кога му излегол во помош на Борис Елцин за време на обидот за преврат во август 1991 година, и повторно при уставната криза во октомври 1993 година.

Во хаосот во 90-ите, Шојгу станал силно инспиративна фигура од доверба. Освен што се справувал со пожари и природни катастрофи, тој служел и како посредник во конфликти – од Јужна Осетија до Таџикистан и Чеченија. Во 1999 година, кога Елцин се подготвувал да му го предаде управувањето на Путин, неговата екипа му дала задача на Шојгу да раководи со новата партија, наречена Единство, која подоцна се трансформирала во Единствена Русија – сегашната владеачка партија. Елцин го опишал Шојгу како „нашата најголема ѕвезда“.

Кога Путин ја презеде власта, неговите стратези требало да го исцртаат ликот на непознатиот нов лидер пред јавноста. Поранешниот советник на Кремљ, Глеб Павловскиј, рече дека администрацијата „свесно го изградила“ ликот на Путин на основа на тој на Шојгу. „Се претпоставува дека и Путин исто така е спасител“. Шојгу, кој никогаш не сакал да влезе во партиската политика, мудро се откажал да биде во центарот на вниманието. Тој сфатил дека „не можеш да носиш две лубеници под една пазува“, како што се изрази Павловскиј.

Наместо тоа, Шојгу работел на довербата. Во 2000 година тој му подарил на Путин црн лабрадор, кој му станал миленик на претседателот. Го придружувал Путин на неговите неофицијални патувања, каде тој се истакнувал како алфа мажјак, гол до половина. Искажувал патриотизам и одел во руските планини, а не по француските плажи. И двајцата имале голем интерес за историјата; Шојгу станал претседател на Руското географско друштво – организација која опстанала уште од времето на царизмот, и која служела како клуб на руската елита.

Офицер и џентлмен

Откако претходниот минисер за одбрана Анатолиј Сердјуков паднал во немилост, Путин ги предаде вооружените сили во рацете на Шојгу. Сердјуков направи доста неопходни реформи, но отпушти високи офицери. Шојгу во голема мера ги задржа реформите, додека во исто време го подигнуваше борбениот дух. „Под Шојгу, армијата почна да си верува самата во себе“, рече уредникот на неделникот за одбрана „Военоиндустриски курир“, Михаил Ходаренок.

Шојгу се конценрирал на воената готовност – и врските со јавноста. Тој ги величал обуките и непрекинатите воени вежби, рече експертот за руската армија, Дмитриј Горенбург, од Универзитетот Харвард. На почетокот донесените одлуки – како што била наредбата војниците да носат чорапи, наместо старомодните парчиња платно за завиткување на нозете (партенки) – помогнаа да се зацврсти репутацијата на армијата која биле исмевана во постоветското доба.

На почетокот, неговото прагматично размислување помогнало и за односите со Западот. Шојгу му се обраќал на тогашниот министер за одбрана на САД, Чак Хејгл, со неговото кратко име. „За многу руски службеници од областа на безбедноста е нормано да подигаат бариери, но тој изгледа сакаше да ги разбива“, рече поранешниот помошник-министер за одбрана на САД, Дерек Шолеј.

Украинската криза стави крај на таа фамилијарност. Кога Путин одлучи да го заземе Крим, Шојгу го испратил својот заменик Олег Белавенцев да го надгледува заземањето (Сега Белавенцев е пратеник на претседателот на Крим). Обидот на Шојгу како раководител на дејствијата за справување со кризи му беше од голема полза. „Операцијата на Крим покажа една нова руска армија“, рече Минченко. „А Шојгу стана симбол на таа армија“.

На 9 мај, за време на прославата на 70-годишнината од победата на Советскиот сојуз над нацистичка Гремнаија, руските телевизиски камери се фокусираа на црна кабриолет лимузина која го доведе Шојгу на Црвенот плоштад. Облечен во полна воена униформа, тој се прекрсти додека минуваше под ѕидините на Кремљ. Крајно невообичаен гест за полурусин. Вниманието кое му беше дадено на Шојгу се претвори во тема за нови шпекулации: дали е тој веќе определен за повисока позиција?

Крајно вонредна ситуација

Прашањето што ќе се случи по Путин го тревожи полтичкот систем во Русија. Цврстата рака на претседателот врз власта се заснова на преставата за „безалтернативност“ – недостиг на други можности. Ако се појави вистински број два, тоа ќе биде „почетокот на играта од која Путин стравува, затоа што нема да може да ја контролира“, тврди Павловскиј.

Но ако постои краток список на кандидати, Шојгу веројатно е на него. Тој продолжува да биде политичарот кој ја користи големата доверба и популаност во Русија, ако не го броиме тука Путин. Тој ги избегнува скандалите и се смета за сосема чист. (Борецот против корупцијата, Алексеј Навални, го обвинува дека си изградил елитна куќа, во вид на пагода, која чини 18 милиони долари – претставници на Шојгу ги отфрлаат тие обвиненија).

Шојгу одамна негира дека има политички амбиции. Но тоа всушност може да биде во негова корист. „Очигледно тој не стреми трапаво да се искачи по лизгавиот столб“, тврди истражувачот за Русија на Универзитетот во Њујорк, Марк Галеоти „А тоа може да значи дека токму тој на крајот ќе стигне до врвот“. Кога ќе настапи одлучна вонредна ситуација, многу е вреојатно Русите да се свртат кон својот главен спасител.