Тенис
20. April 2017 - 14:24

Серена: Трудна сум но ќе се вратам на тенисот

Најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс, која во средата објави дека е бремена, нема да ја заврши кариерата туку по раѓањето на детото ќе му се врати на тенисот, објави нејзиниот тим.

Серена Вилијамс во средата, на својот профил на „Снепчат“, објави дека е бремена.

Серена Вилијамс, една од најуспешните тенисерки на сите времиња, која освои шест титули на последните десет Гренд слем турнири, во 35. година од животот објави дека е бремена со своето прво дете.

Менаџерката на Серена, Кели Буш Новак, на новинарите им рекла дека таа веќе го прави распоредот за настапи во 2018 година, иако тогаш ќе има 36 години.

Серена нема да биде првата која како мајка се вратила на ВТА турот, претходно тоа го направиле Маргарет Корт и Ким Клајстерс, а во моментов на породилно отсуство е Белорусинката Викторија Азаренка.

Американката е во врска со основачот на „Редит“, Алекс Оханијан.

Серена на почетокот на годината ја освои титулата на Аустралијан опен, која беше нејзина рекордна 23. Гренд слем титула.

Серена ја престигна Штефи Граф на вечната листа и се издвои на првото место според бројот на освоени Гренд слем титули на четирите најголеми турнири во опен ерата, додека во генералниот поредок една титула повеќе има Маргарет Корт.