Сера: Политичкиот амбиент во Македонија ветува позитивни промени
Политичкиот амбиент во Република Македонија ветува позитивни промени. Почнатите реформи од страна на Владата даваат насока за придвижувања на економијата, рече амбасадорот на Кралството Шпанија Емилио Лоренцо Сера на денешната средба со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Анѓушев му го честиташе назначувањето на новиот шпански амбасадор и изрази очекување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи.
- Владата креира политички и економски амбиент со кој Македонија ќе биде добар пријател и партнер на сите земји, а поддршката од Шпанија, како членка на Европската унија е особено важна. Странските инвеститори, вклучително и оние од Кралството Шпанија се добродојдени да инвестираат во Република Македонија, подвлече вицепремиерот.
Соговорниците се заложија за интензивирање на економските односи, особено во секторот земјоделство, енергетиката - преку обновливи извори на енергија, како и во заштитата на животната средина преку проекти за соодветно управување со отпад.
Ново на Сител
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест