Сепаратистите во Доњецк заземаат фирми
Водечката украинска телекомуникациска компанија и хуманитарна група, во сопственост на најбогатиот човек во Украина, Ринат Ахметов, соопштија дека биле принудени да ја прекинат работата на територијата под контролна на проруските сепаратисти во Доњецк, бидејќи канцелариите им биле заземени од вооружени мажи.
Во понеделникот лидерите на сепаратиситите предупредија дека ќе преземаат компании поврзани со украинските власти, ако Владата во Киев не ја укине блокадата на железничкиот транспорт од сеператистичките територии.
- Одземени се канцеларијата и опремата на компанијата во Доњецк. Околу 200.000 од нашите корисници останаа без средство за комуникација. напиша на Фејсбук директорот на „Укрателеком“, Михаил Шуранов.
Лидерот на сепаратистите Александар Захарченко изјави дека тие го исполниле ултиматумот, бидејќи Украина не ја укинала блокадата.
„Укртелеком“ е дел од финансиската и индустриска групација, сопственост на најбогатиот бизнисмен во Украина, Ахметов, чии фирми работат од двете страни на фронтот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација