Loading Video...
Спорт плус
20. January 2018 - 17:35

Сензационална победа на Дресен на спустот во Кицбил

 
Германец, Томас Дресен направи големо изненадување со триумфот на спустот во  Кицбил. 
 
24-годишниот Дресен до својот прв триумф во кариерата во СК, стигна во време од 1 минута и 56,15 секунди.
 
Покрај Германецот,место на пиедесталот изборија и Беат Феуц од Швајцарија кој заостанаа 20.стотинки,односно домашниот, австриски скијач, Ханес Рајхел кој имаше 41.стотинка послабо време од победникот. 
 
Лидерот во Генералниот поредок во спуст, Норвежанецот, Аксел Лунд Свиндал трката во Кицбил ја заврши на осмото место, па сега има вкупно 452 бодови, само 20 повеќе од Швајцарецот, Феуц. 
 
Во Севкупниот генерален пласман лидер е Австриецот, Марсел Хиршер со 974 бодови,пред триото Норвежани, Хендрик Кристоферсон (800), Аксел Лунд Свинал (666) и Кјетил Јансруд (665).