Свет
28. јуни 2017 - 8:56

Сенатот одложи гласање за законот за здравствена заштита во САД

Републиканското мнозинство во американскиот Сенат одложи синоќа гласање за предлог законот со кој требаше да се укине и замени Обамакер, клучна реформа на системот за здравствена заштита воведена во време на претседателот Барак Обама.

Гласањето е одложено откако со независна анализа е утврдено дека ако нивниот предлог се усвои, 22 милиона луѓе ќе загубат здравствено осигурување во следните 10 години.

Шефот на сенатското мнозинство Мич Меконел изјави дека гласањето ќе се одложи за период  по еднонеделна пауза во работата на Конгресот поради националниот празник Ден на независноста.