Македонија
23. January 2017 - 17:28

Сенатот и Конгресот на САД: Стоп Сорос до Стејт Департментот

Движењето „Стоп операција Сорос“ бара ревизија за работата на УСАИД во Македонија.. Во граѓанското движење сметаат дека Агенцијата за меѓународен развој на САД преку договорот за соработка со Фондацијата „ Институт отворено општество“ финансирана од Сорос, цели четири години спонзорира создавање кризни ситуации во Македонија. Поради ова од „Стоп операција Сорос“ велат дека ќе поднесат официјално барање до Стејт департментот, конгресот и сенатот да се изврши ревизија во работењето на УСАИД во земјава.

- Ние имаме обврска да ја информираме новата администрација во САД но и даночните обврзници каде се вложуваат и каде се трошат нивните средства кои ги уплаќаат преку даноците а во Македонија со истите се финансираат организациите на Сорос.. Тие треба да знаат дека во изминатиов период за време на претходната администрација нивната држава преку УСАИД во соработка со Сорос поддржуваше една политичка партија , тоа е СДСМ, со што директно делуваше политички во Македонија заземајќи страна во политичкиот живот во државата, изјави Никола Србов, „Стоп операција Сорос“

Од Стоп операција Сорос велат дека договорот за соработка меѓу УСАИД и Фондацијата отворено општество за период од четири години тежел околу 5 милиони евра. Создавањето кризни ситуации со овие пари почнале во 2012-та со блокирање на парламентот при донесувањето на буџетот, а договорот финиширал со крајот на протестите на таканареченета Шарена револуција.

Од граѓанското двиежење додаваат дека цели осум години, Македонија е стратешки партнер на САД и нејасно е кому му одговара да се наруши пријателството меѓу двете држави..