-->
-->
Семејството во шок: Го погребале а после два месеци се вратил дома "мртов пијан"
-->
Мексиканецот Мигуел Ангел Гомар Де Луна (74) минатата година избегал од старечки дом. Неговата зависност од алкохол била појака од него па избегал сред зима, а неколку месеци подоцна семејството добило повик од полицијата.
Им објасниле дека нашле тело во распаѓање кое личи на описот на нивниот член на фамилијата. Фотографија од телото покажале на неговата ќерка Луцер Гомар Рамос. Иако таа не можела да го распознае, потпишала дека тоа е нејзиниот татко бидејќи и било кажано дека нема да може да го превземе телото доколку не потврди дека е тој.
Ќерката на несреќниот Мигуел не сакала да ризикува па набрзина организирала кремирање и погреб. Два месеци по погребот, на крајот на февруари оваа година, семејството примило уште еден повик.
- Вашиот татко е сеуште жив. Полицијата го пронашла на улица додека барал пари на минувачи за алкохол.
Мигуел истиот ден е одведен дома и тоа мртов пијан.
- Тие мислеа дека сум мртов, а јас се шетав и шетав, рекол пред камерите Мигуел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња