Семејството на косовски активист, убиен во 1999 година, ќе го тужи Хашим Тачи пред Специјалниот суд за воени злосторства
Семејството на активистот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Хаки Имери, кој во 1999 година бил убиен под неразјаснети околности, сака да го тужи претседателот Хашим Тачи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, обвинувајќи го дека е вмешан во убиството, пишува денеска приштинскиот весник „Коха диторе“, цитиран од Танјуг.
На 2 ноември 1999 година Имери се враќал од работа со свој пријател, кога бил грабнат од три лица, за кои има сомненија дека биле членови на Армијата за ослободување на Косово. Подоцна Имери бил најден мртов.
Неговиот син, Кастриот Имери, му пишал на Специјалниот суд за воени злосторства со надеж дека околностите околу смртта на неговиот татко ќе бидат разјаснети.
Минатата недела Тачи му одаде почит Имери на неговиот гроб и организира церемонија во негова чест, посочува „Коха диторе“.
Демократскиот сојуз на Косово, чиј лидер е премиерот Иса Мустафа, сега е коалициски партнер на Демократската партија, формирана од Тачи.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок