Џет-Сет
7. April 2016 - 10:47

Семејството на Јелена во црно: Пејачката ќе биде погребана денеска

Петти ден по ред пред куќата на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ, дежура полицијата. Пет дена по големата трагедија, полицајците облечени како цивили, ја чуваат куќата во која владее тага и молк. Никој не излегува и не влегува. Недалеку од куќата се појави некролог за 33-годишната Јелена.

ДНК анализата покажа дека сопругот не е виновен за смртта, а до вечерва ќе се знае ичија крв била на ноктите на Јелена.

Инаку, Јелена била усмртена со удари од дрвена палка, и бил пукнат черепот и имала внатрешно крварење. До последен момент се борела со убиецот кој ја искасапил и фрлил во канал.

Таа денеска ќе биде испратена во вечниот дом.