Балкан
22. April 2016 - 20:11

Семејството на Јелена ќе ја тужи пејачката: "Од нашата несреќа прават шоу"

Владимир Марјановиќ, свекорот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ вели дека и верува на полицијата, но дека им пречи бидејќи од нивната несреќа се прави реално шоу.
 
- Прво ќе ја тужиме Венди кога ќе се заврши ова, а потоа и останатите. Ние сме нормално семејство, а од нашата несреќа се прави реално шоу. Инаку, се што знаеме, дознаваме од вас медиумите, - изјавил Марјановиќ.
 
На прашање од новинарите дали нив како семејство кое тагува не им кажуваат ништо, тој изјавил:
 
- Не. Полицијата одлично си ја врши работата. Најдобрите инспектори работат на овој многу сложен случај и ние им веруваме, - завршил свекорот на убиената пејачка.