Македонија
13. October 2017 - 13:12

Семејство од Струмица моли за помош - исчезна нивната малолетна ќерка

Семејство од Струмица во паника по исчезнувањето на нивната малолетна ќерка. Според информациите на МВР, вчера  во 22.10 часот во Полициската станица Струмица, К.К. (37) од с.Иловица пријавил дека истиот ден во 12.00 часот од дома на училиште во Струмица заминала неговата 17-годишна ќерка, но со пристигнување на школскиот автобус во 20.30 часот, таа не се вратила дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.