Македонија
17. March 2018 - 16:28

Семејство од Охрид живее без елемнтарни услови за живот

Во беда и сиромаштија живее охридското семејство Селманоски.Без струја ,огрев и храна во една соба со социјална помош од околу 2 илјади денари едвај врзуваат крај со крај.Бесим има 10 оперативни зафати и боледува од Aтеросклероза болест која ги зафаќа големите и средните артерии во телото , а неговата сопруга пак поради болки во нозете и грбот е врзана за постела.Оставени сами на себе поради здравствени проблеми не се во можност да работат а лековите ги примаат доколку некој од совесните граѓани им ги купи.

Михане со солзи во очите не гледајќи излез од ваквата состојба прегладнета моли за помош.

Помошта која им стига од хуманите луѓе привремено им ја ублажува нивната незавидна состојба.

Селманоски без елементарни услови во секојдневна борба да се обезбеди храна од надлежните бараат достоинствен живот каков што му доликува на секој граѓанин во едно општество.