Балкан
26. March 2017 - 14:47

Семејна драма: Телото на специјалец пронајдено во гаража, осомничен синот

Утрово околу 11 часот и 15 минути, по дојава во полиција, во семејна куќа кај Шибеник пронајден е мртов припадник на Специјалната единица на полициајта во Сплит.

Телото на специјалецот (45) било покриено со ќебе и лежело на подот од гаражата.

Околностите за смртта се уште се утврдуваат, а се преземаат и сите мерки за утврдување на фактите врзани за овој случај, соопшти полицијата.

Според неофицијалните информации, се сомнева дека тој бил убиен од страна на синот кој исчезнал заедно со својата мајка.

Местото е под полициска опсада.