Балкан
18. October 2016 - 11:56

Семејна драма: Ја изрешетал сопругата па си пукал во глава

Во Кучево се случи семејна трагедија во која Мирослав Стојковиќ (65) испикал повеќе куршуми во својата сопруга Марија (63), а потоа извршил самоубиство пукајќи си во глава.

Жената со тешки повреди на стомакот и градниот кош е префрлена во болницата во Пожаревац, каде лекарите се борат за нејзиниот живот.

Трагедијата се случи во понеделникот попладне, по кавга меѓу сопружниците, но се уште не е позната причината за оваа трагедија.