Џет-Сет
5. јуни 2017 - 11:53

Селена Гомез напиша отворено писмо за поддршка на ЛГБТ заедницата

Селена Гомез одговори на иницијативата за одбележување на Геј Прајд месецот, инициран од страна на списанието Билборд и напиша писмо до членовите на ЛГБТК заедницата,  во кое сподели увид во своето детство во кое била опкружена со „љубезни, забавни и драги пријатели“ на својата мајка, кои биле хомосексуалци.

- Јас се сеќавам кога бев дете и кога во неделите одев на ручек со мајка ми и група нејзини пријатели. Не знаев дека тие се геј, зашто во тоа време не сфаќав што значи тоа. Се што знаев е дека се љубезни, забавни и драги луѓе во чие друштво сакав да бидам. Дефинитивно морам да и заблагодарам на мојата мајка што ме воспитуваше во духот на отворен ум и опкружување кое не осудува, напиша Селена во писмото.

Исто така, таа раскажа дека нејзината мајка за 16-ти роденден организирала многу убаво изненадување.

- Бев изненадена со настап на најубавата Драг кралица, која ја пееше мојата омилена песна, рече Селена.

Младата пејачка гледа напредок кој ЛГБТК заедницата го остварила до сега, но признава и дека пред нив има уште многу работа.

- Се радувам на денот кога тие лица нема да бидат осудувани и дискриминирани и кога луѓето нема да се плашат од својата сексуалност, напиша Селена.