Фудбал
24. October 2017 - 12:16

Селекторот и капитенот со ист вкус

Кристијано Роналдо синоќа во Лондон петти пат во кариерата беше избран за најдобар фудбалер во светот во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Во изборот на ФИФА својот глас го даваат селекторите и капитените на репрезентациите кои се членки на светската куќа на фудбалот.
 
Македонскиот селектор Игор Ангеловски и капитенот на репрезентацијата Горан Пандев во изборот на ФИФА гласаа идентично. Двајцата пет поени му доделиле на Кристијано Роналдо, три на Лионел Меси и еден на Џанлуиџи Буфон.
 
Слично гласа и селекторотите и капитените на останатите репрезентации од поранешна Југославија.
 
Селекторот на Србија пет поени му доделил на Роналдо, три на Лука Модриќ и еден на Н’Голо Канте, а капитенот Бранислав Ивановиќ гласал за Роналдо, Меси и Нејмар.
 
Селекторот на Босна и Херцеговина, Мехмед Баждаревиќ гласал за Роналдо, Серхио Рамос и Буфон, а капитенот Един Џеко за Роналдо, Буфон и Меси.
 
Капитенот на Хрватска Лука Модирќ гласовите им ги доделил на соиграчите Роналдо (5), Тони Крос (1) и Меси (3), а екс селекторот Анте Чачиќ гласал за Роналдо, Модриќ и Меси.
 
Црногорците Љубиша Тумбаковиќ и Стеван Јоветиќ предност им дале на Меси и Нејмар, а Роналдо од нив добил по еден поен.
 
Сега веќе екс селекторот на Словенија, Среќко катанец гласал за Роналдо, Меси и Нејмар, а капитенот Буштјан Цесар за Роналдо, Буфон и Нејмар.
 
Лауреатот Криситјано Роналдо како капитен на Португалија поените им ги доделил на соиграчите од Реал Мадрид Лука Модриќ, Серхио рамос и Марсело, додека опонентот Лионел Меси истот така се определил за своите соиграчи Луис Суарез, Андрес Иниеста и Нејмар, кој летово замина од Барслеона.
 
Тука можете да го погледнете како гласале сите селектори и капитени на националните тимови.