Македонија
11. October 2017 - 17:56

Селата околу Охрид имаат проблем со квавлитетот на водата за пиење и се соочуваат со опасност од зарази

Водата за пиење во повеќето селски средини континуирано со променлив квалитет. Населението се соочува со опасност од зарази.Водите не се дезинфицираат со хлор поради тоа анализите на Центарот за јавно здравје покажуваат присуство на патогени бактерии.

Најалармантно години наназад е кај селата Вапила ,Ливоишта Сирула ,Куратица Завој ,Опеница и Косел и дел од селата во Дебарца и струшко.

Населението за жал не е доволно едуцирано многу често и покрај забраната за пиење на водата од селските водоводи тие ја употребуваат.

Инспекторите кои постојано ја контролираат водата  апелираат до оние кои стопанисуваат со водоводите да сносат одговорност бидејќи го доведуваат во опасност здравјето на луѓето. Месните заедници пак не сакаат да ги отстапат водоводите на градското претијатие од финансиски причини,бидејќи не сакаат  да плаќаат сметки за  вода.