-->
-->
Села го впери погледот во обвинетите: „Викаа еве го Села, ајде да го убиеме“
-->
Зијадин Села денеска дојде во Судот за да сведочи за настаните од Собранието од 27. април, кога тој беше брутално нападнат.
Села го впери погледот кон обвинетите спроти него и рече: - „Еве го Села, ајде да го убиеме. Фрлаа предмети кон мене, немав лично обезбедување. Тука беше само обезбедувањето на Зоран Заев. Ме удрија со монитор и копје од знаме. Фрлаа даски и други предмети. Последно што паметам беше кога паднав на колена и ме удираа со раце и нозе по главата и телото", сведочеше Села, пренесе МКД.Мк.
На прашањето дали некој го бранел, Села вели, ако некој го бранел ќе бил испратен од Собранието со цвеќе и аплауз, а не со тешки повреди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553
-
Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера
-
ВМРО-ДПМНЕ: Од обработени 8,21% Силјановска Давкова 66.482, Пендаровски 28.490
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213