Свет
26. July 2017 - 8:38

Сексот им е битен на жените без оглед на годините

Европскиот суд за човекови права прогласи за виновни португалски судии поради „предрасуди“ кои во предмет зазеле став дека сексуалниот однос нема особено значење за жени во 40-ти години од животот.

Марија Морас (50) мајка на две деца покренала судски процес за надомест на штета по гинеколошка операција во 1995 година во португалска болница. Поради немарност на лекари таа веќе не можела да има нормални сексуални односи. Судот тогаш одлучил во нејзина корист, но болницата покренала жалбена постапка завршена во 2013 година со пресуда со која за третина и е намален надоместот од првобитната пресуда.

Лисабонските судии образложиле дека на неа сексуалните односи не и се толку битни поради нејзините години.

Европскиот суд за човекови права во пресудата застанува на страната на Марија Мораис наведувајќи дека португалските судии не требало да и го намалат надоместот за штета која и била нанесена.