Џет-Сет
24. February 2016 - 18:25

Секоја чест! Водителката на „Брза кујна“ направи гест што вреди повеќе од пари!

На секој од нас може да му се случи да загуби лични предмети без кои не функционираме во секојдневието.

Сигурно на повеќето ви се случило да го загубите телефонот или паричникот во кој освен пари имате и важни документи, но надежта дека ќе го најдете или ќе ви биде вратен, секогаш умира уште при првото сознание дека ве фатил малер.

Сепак, постои трошка надеж дека онаа категорија на чесни луѓе се уште постои, па можеби ќе ве огрее сонце некој да ви ги врати.

Токму еден таков чесен гест направи водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Александра Пановска.

Таа на својот Фејсбук објави дека пронашла паричник и мобилен телефон кои успеала да му ги врати на несреќникот, а за тоа искоментира дека нема поубав подарок од задоволен лик и благодарам.

Навистина секоја чест!