Свет
27. јуни 2017 - 12:58

Секој Британец за кралицата Елизабета годишно издвојува по 65 пени

Секој жител на Велика Британија за кралицата Елизабета, за кралското семејство и за одржување на кралскиот имот, годишно издвојува по 65 пени, покажуваат податоците за трошоците и приходите за монархијата.

Претставник на британската администрација која води сметка за кралската економија, изјави дека станува збор за давачка, која е еднаква на вредноста на една поштенска марка за пратка во внатрешноста на земјата.

Британското републиканско движење Република, во својата изјава по повод соопштувањето на давачките, приходите и трошоците за кралското семејство и нивните имоти, одново се заложи за укинување на монархијата, со што „државата ќе заштеди милионски суми“.

Привзениците на монархизмот, посебно каков што е британскиот, сметаат дека државата има полза од кралицата.

Таа и монархијата не само што го одржуваат угледот на Обединетото Кралство во светот и домашната стабилност, туку се и атракција за милиони странски гости и туристи, кои најчесто затоа ја посетуваат земјата, купуваат илајднци сувенири поврзани со монархијата или посетуваат објекти и локалитети кои носат приход во британскиот буџет.

Во денешното соопштение се вели дека во следните две години за потребите на монархијата од државните фондови ќе бидат издвоени 82,2 милиони фунти.

За овој период ќе се издвојат осум отсто повеке средства или шест милиони фунти, што се објаснува и со најавената темелна обнова на кралската Бакингамска Палата, службената резиденција на кралицата, во Лондон.

Од државните фондови се издвијуваат средства и за платите на вработените во кралското домаќинство, за службените патувања на кралицата и другите членови на семејството, како и за одржување и чување на кралските палати.

Решението за зголемено издвојување е донесено откако завршната сметка покажала дека приходите од кралските имоти бележат раст од 24 милиони фунти.

Според еден стар пропис, издвојуавњето од државните фондови се прави врз основа на нивото на остварените приходи од кралскиот имот, во кој е вклучен и голем дел од лондонскиот театарски Вест Енд.