Џет-Сет
24. February 2016 - 10:56

Сека Алексиќ ги изненади сите: Само што дозна дека е бремена, пејачката одлучи да ...

Фолк пејачката Сека Алексиќ неодамна објави дека е бремена и својата среќа по тој повод не ја крие. Додека од сите страни пристигнуваат честитики, идната мајка не сака премногу да зборува за тоа, туку сака работите да се одвиваат како што треба и да се огласи кога ќе осети дека има потреба од тоа.
 
Како што пишува „Pink.rs“, Сека поради бременоста нема да ги откаже престојните настапи, туку планира да работи до септември, а еден месец пред породувањето ќе замине на одмор. 
 
Сепак, пејачката се грижи и за своите фанови, па својата радост секојдневно ја споделува со нив на друштвените мрежи. До неодамна на нејзиниот Инстаграм профил се појавуваа фотографии во тесни и атрактивни комбинации. Но, сега кога стомакот почна да расте пејачката своите ги замени провокативни фустани.