Ракомет
29. September 2015 - 20:01

СЕХА: Вардар поуспешен од Татран Прешов

Ракометарите на Вардар ја постигнаа четвртата победа во СЕХА лигата откако вечерва го победија Татран Прешов со 39:32 (23:13).

Во воведните десет минути гостите беа равноправен ривал. Потоа Вардар со серија од 10:3 направи разлика која ја зачува до крајот на натпреварот.
Дејан Манасков со 8 голови од 9 обиди беше најефикасен кај Вардар, Алексеј Пешков постигна истотолку голови за Татран.
Вардар е лидер со 12 бода и максимален учинок, по 9 бодови имаат ППД Загреб, Татран Прешов, Мешков Брест и Нексе.