Ракомет
19. September 2016 - 8:26

СЕХА: Прва радост за Металург

Ракометарите на Македонскиот вице првак Металург во четвртиот натпревар сезонава од СЕХА лигата ја постигнаа првата победа. Синоќа на домашен терен го победија Татран Прешов со 27:21. Со исклучок на водството од 1:0 на почетокот гостите од Словачка беа во негатива.
Металург на полувреме водеше со 14:9, а по само 10 минути игра во вториот дел водеше со највисоки осум голови разлика (20:12). Но, гостите сериозно се заканија и во 47.минута Металург имаше сам о три голови разлика 21:18. Сепак тоа беше се од противникот и Металург предводен од Филип Талески , кој беше најефикасен со 7 голови и голманот Дарко Арсиќ, кој имаше 12 одбрани стигна до првиот триумф сезонава во СЕХА лигата.
 
На другите натпревари одиграни вчера: Мешков Брест – Веспрем 16:19 и Нексе – Извиѓач 39:29.
 
Табела: Вардар 13 бодови (5 натпревари), Веспрем 9 (4), Цеље 9(5), Мешков Брест 7 (4), ППД Загреб 3 (2), Горење 3 (2), Металург 3 (4), Нексе 3 (4), Татран Прешов 3 (3), Извиѓач 0 (3).