СЕХА: Пораз на ослабениот Металург во Цеље
Ракометарите на Металург претрпеа нов пораз во регионалната СЕХА лига. На натпреварот одигран вечерва во Словенија, македонскиот вицепрвак Металург загуби од Целје со 34-28 полувреме 17-15. Македонскиот вицешампион на овој натпревар настапи дополнително ослабен поради отсутвото на Филип Талески (болест) и Марко Нелоски (рехабилитација од повреда).
За Металург, ова беше деветти пораз во дванаесеттиот одигран натпревар сезонава во СЕХА конкуренцијата, по кој составот од Автокоманда остана на претпоследното место на табелата.
Веќе во сабота, Металург го очекува уште едно тешко гостување кај екипата на Татран Прешов. Исто така во сабота настап ќе има и шампионот Вардар кој ќе гостува во Белорусија кај екипата на Мешков Брест.
Табела: Вардар 35 бодови, Веспрем 29, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Целје 24, Нексе 12, Горење Велење 12, Татран Прешов 10, Металург 7 и Извиѓач 3.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност