Ракомет
15. November 2017 - 10:42

СЕХА: Нова доминација на црвено-црните

Вардар рутински стигна до седмата победа во седмиот меч од регионалната Газпром СЕХА-лига победувајќи го српскиот тим Динамо Панчево со убедливи 42:32.
 
По големата победа на гости кај ППД Загреб, тренерот Раул Гонзалес се реши за комбиниран состав против српскиот тим, кој беше доволно силен да се задржи 100-отстотниот успех во СЕХА-лигата.
 
Најрасположен за голови беше Мијајло Марсениќ со 7 погодоци од осум обиди, а по шест гола ставија Жоан Кањељас и Иван Чупиќ. Креаторот на победата од ЛШ во Загреб, голманот Арпад Штербик, доби поштеда за Страхиња Милиќ да има 24 одбрани, а Даниел Ѓорѓески да заврши со 11 интервенции. Кај гостите најефикасен беше Стефан Шапоњиќ со осум гола, а Александар Пилиповиќ додаде шест.
 
Ова беше совршена подготовка за „црвено-црните“ пред саботната пресметка со германскиот гигант Рајн-Некар Левен во Скопје.